Државата нуди евтини станови за „kупи куќа, купи стан“

Bez autora
Aug 20 2013

Граѓаните имаат на располагање евтини станови што ги гради Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, а кои може да ги купат преку владиниот проект „Kупи куќа, купи стан“, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Тој вчера го посети градилиштето во скопската општина Аеродром каде што АД за стопанисување со станбен простор гради седум згради со 330 стана. Во овие згради становите се продаваат за 795 евра за квадратен метар. Освен во Скопје, државното претпријатие гради околу 300 стана и во Прилеп, Битола, Охрид, Kавадарци, Штип, Струмица, Пехчево каде што се продаваат од 300 до 600 евра за квадратен метар. - Сметам дека се одлична можност за сите оние што го немаат решено станбеното прашање. Граѓаните оценуваат дека проектот „Kупи куќа, купи стан“ е добар, Владата дава пари и помага многу, но оти е потешко да се најдат станови за цена под 900 евра за квадратен метар, колку што е условот за кредит. Еве денеска сме на одлична локација и на која има такви станови. Не само што становите се продаваат по 795 евра за квадратен метар туку се опремени и со кујна и со клима-уред - изјави Ставрески...

Државата нуди евтини станови за „kупи куќа, купи стан“Граѓаните имаат на располагање евтини станови што ги гради Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, а кои може да ги купат преку владиниот проект „Kупи куќа, купи стан“, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој вчера го посети градилиштето во скопската општина Аеродром каде што АД за стопанисување со станбен простор гради седум згради со 330 стана. Во овие згради становите се продаваат за 795 евра за квадратен метар. Освен во Скопје, државното претпријатие гради околу 300 стана и во Прилеп, Битола, Охрид, Kавадарци, Штип, Струмица, Пехчево каде што се продаваат од 300 до 600 евра за квадратен метар.

- Сметам дека се одлична можност за сите оние што го немаат решено станбеното прашање. Граѓаните оценуваат дека проектот „Kупи куќа, купи стан“ е добар, Владата дава пари и помага многу, но оти е потешко да се најдат станови за цена под 900 евра за квадратен метар, колку што е условот за кредит. Еве денеска сме на одлична локација и на која има такви станови. Не само што становите се продаваат по 795 евра за квадратен метар туку се опремени и со кујна и со клима-уред - изјави Ставрески.

Тој апелира сите граѓани што имаат потреба од стан и кои сакаат да ја искористат понудата на АД за станбен простор, но и финансиската поддршка што ја нуди Владата преку проектот „Kупи куќа, купи стан“.

Освен станови, граѓаните преку овој проект може да купат и куќи.

- Од она што го знам, „Хот и хот“ нуди куќи во скопско Радишани и во Соње, а во текот на следните месеци ќе има понуда и во Хиподром и во Илинден, што значи дека граѓаните што сакаат да направат куќа или да стекнат сопствена куќа тоа може да го направат со проектот „Kупи куќа, купи стан“ со извонредно поволни услови. Оние што сакаат да искористат субвенции од државата со тој проект може да добијат 15.000 евра за купување или за изградба на куќа и 10.000 евра доколку се решат да купат стан - рече Ставрески.

Тој истакна дека по неодамнешната зголемена поддршка од државата со неповратната субвенција, проектот наидува на голем интерес кај граѓаните.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, вели дека становите што ги градат се едни од најевтините во земјава. Тој смета дека со владините субвенции непродадените 150 стана во скопски Аеродром ќе се распродадат брзо.

- Интересот според цената и локацијата на овие станови е доста голем. Сите станови се продаваат преку оглас. На секои две недели имаме конкурс во медиумите и во подрачните единици - рече Грозданов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik